Формула 1 планира 10.000 тестови за коронавирус на првите две трки

Од:

Организаторите на воведните трки во Формула 1 ќе спроведат 10.000 тестови за коронавирусот, објавија денес австриските медиуми. Првите трки во сезоната, две Големи награди на Австрија, ќе се одржат на 5 и 12 јули на патеката во Шпилберг.

Примероците ќе се земаат двапати на ден, а лабораторијата што ќе ги изврши тестовите ќе работи 24 часа. Резултатите ќе бидат достапни 16 до 24 часа по тестирањето.

Само 3.000 луѓе ќе можат да влезат на трибините и сите ќе мораат да имаат негативен тест за коронавирусот не постар од четири дена.

Организаторите добија дозвола за одржување на трката затоа што тие претставија предлог мерки против ширење на вирусот на владата.

Распоредот на Формула 1 сè уште не е официјално потврден, а по две трки во Австрија, исто толку треба да се организираат и во Велика Британија, во втората половина на јули.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес