Чулев обвинува дека СДСМ и ДУИ блефираат дека се расправаат, а коалицијата „им блеска во полн сјај“

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, преку Фејсбук реагира за поништеното решение за назначување началник на СВР Тетово.

„Владата на денешната седница го поништи решението кое го потпишав за назначување на началник на СВР Тетово. Ова место беше едно од 15-те места кои ми следуваат согласно Законот за влада, како министер во техничката влада.

Истата ваква одлука со која владата првично го поништи ваквото решение, претходно од моја страна беше обжалена до Државната комисија за спречување на корупција која констатираше дека Владата направила пропуст при поништувањето на решението и првичната одлука на Владата ја поништи. Но и покрај ваквиот заклучок од ДКСК, Владата денес повторно носи иста одлука.

Со денешното силеџиско постапување повторно е прекршен Законот за влада, а дополнително денешната одлука предложена од страна на ДУИ, а аминувана од страна на СДСМ е уште еден доказ дека нивната коалиција блеска во полн сјај. ДУИ и СДСМ имаат спротивставени мислења само во јавноста и тоа е само еден блеф. Нивниот меѓусебен однос на владините седници фукционира идеално и без никаква пречка.

Во оваа прилика ја информирам јавноста дека во однос на денешното постапување на Владата, во текот на утрешниот ден ќе поднесам кривична пријава, но и за ваквиот упад и мешање во работата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат запознати и претставниците на меѓународната заедница“, напиша Чулев.


Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните чекаат за документи во нехумани услови, Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД

А1он

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот

Дисциплинска за началникот од МВР кој напиша „Да живее Палестина“ на Фејсбук

Катерина Ѓуровски

Чулев: Не се пречка уставните измени за евроинтеграциите, туку високата корупција

Чулев: МВР на Спасовски извршило неправилен избор, „Индустри сервис“ има неправилно пополнета спецификација

(ВИДЕО) Чулев: Спасовски доделил речиси 13 милиони евра на компанија на чие отворање самиот присуствувал