Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот и централниот дел на Мексико, при што загина едно лице, јавуваат агенциите.
Како што соопшти Американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил по должина на пацифичкиот брег на државата Оахака.
Les arbres se balancent et des Mexicains se regroupent dans une rue de Mexico lors d'une réplique après un séisme de magnitude 7,5 sur l'échelle de Richter qui a secoué le sud du Mexique aujourd'hui #AFP pic.twitter.com/ekiecFdsMM
— Agence France-Presse (@afpfr) June 23, 2020
Претседателот на Мексико, Андрес Лопез Обрадор се огласи преку видео на социјалните мрежи, велејќи дека сè уште не е познато колкава е штетата.
„Ќе продолжиме да ги повикуваме луѓето да бидат внимателни поради опасноста од дополнителни земјотреси. Да се чуваме себеси без паника и очајување“, рече Обрадор во своето обраќање.