Рохани: Лага е дека САД сакаат разговори со Иран

Од:

Барањето на САД за разговори со Иран е лага, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани за државната телевизија.

„Тие велат „подготвени сме за преговори“. Што значи „подготвени сме за преговори? Кој ја напушти преговарачката маса? Кој ја запали преговарачката соба? Тоа беа тие,“ рече Рохани.

Иранскиот претседател оцени дека тоа е „една лага по друга, секој ден“.

На почетокот на јуни, американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер, го повика Иран да постигне договор со Америка.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија