ВМРО-ДПМНЕ не приговара за Центар и Струга

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и дефинтивно се откажа од поднесување приговори за гласањето за градоначалник во Општина Центар и Струга.

Вечерва истече рокот во кој претставниците на кандидатите можеа да поднесат приговори до ДИК за гласањето, со ова и дефинитивно Андреј Жерновски е градоначалник на Центар, а Зијадин Села од ДПА на Струга.

По ова ДИК треба да им издаде уверенија на Жерновски и на Села за да стапат на функцијата.

Утре во Општина Центар по иницијатива на новоизбраните советници од Сојузот за Иднината ќе се одржи конститутивна седница на советот на општината.

Бидејќи на изборите повеќе советнички места доби опозицискиот блок, нов претседавач на советот најверојатно ќе биде Мирослав Шиповиќ.

ДУИ се уште не се откажува од Долнени каде што според резултатите од вториот изборен круг повеќе гласови доби кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Ахмети поднесе 5 приговори за гласањето во оваа општина, по нив ќе расправа и ќе донесе одлука ДИК. Доколку ДУИ е незадоволна од решението на ДИК има право на тужба до управниот суд чии што одлуки се конечни.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме