Димитров на онлајн панел со германскиот министер Рот и албанскиот колега Цакај

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај, денеска ќе учествува на онлајн панел насловен „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанкија и Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Германија од 1 јули го преземе претседавањето со ЕУ и важи за силен поддржувач на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. С Македонија и Албанија добија зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ на видео самитот во март, годинава. на кој доминираше пандемијата со коронавирусот и глобалните последици од неа.

Како што соопшти МНР, панелот со почетокот во 17 часот ќе може да се проследи он-лајн на линк: https://zoom.us/j/98804827200?pwd=eTBpUXlUZ0lQSjhzNEZ0NjlnamdQZz09 Password: 005862 или лајв-стриминг на фејсбук страната на Министерството за надворешни работи https://www.facebook.com/MFA.North.Macedonia/.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија