Филмскиот маркет на престижниот Кански филмски фестивал – Marché du Film, по прв пат годинава се одвива виртуелно поради пандемијата со Ковид-19. Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година присуствува на големиот европски филмски настан, но овој пат прилагодени на ситуацијата, со е-павилјон.
-На Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал кој стартуваше вчера и ќе трае до 26 јуни, Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија ги презентира најновите филмови кои се во пост продукција или се завршени, најновите каталози во кои се претставени сите нови филмски проекти реализирани во 2019 и 2020 година и филмови кои се во фаза на реализација, како и мерката за право на поврат на средства за снимање на странски продукции, соопштија од Агенција за филм.
Во четирите дена сите присутни на Филмскиот маркет кои ќе го посетат е-павилијонот и се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи ќе имаат можност да остварат состаноци со претставници од Агенцијата.