Ford го претстави изненадувањето кое долго го најавуваше, на саемот во Шангај.
Иако посериозни информации засега нема, реинкарнирањето на Escort кој ќе се појави веројатно на пазарите како Кина и нашата околина, е поздравено од многумина.
Прототипот Ford Escort Concept се карактеризира со новиот дизајнерски пристап и стилистика која ја диктира компанијата.
-Компактниот концепт ја нагласува предноста на нашиот глобален пристап One Ford во конструкција на новите модели, а при тоа се зголемува пристапноста на автомобилот кон купувачите. Овој нов дизајнерски јазик заедно со примена на високотехнолошки елементи се адути со кои треба да ги освоиме клиентите во Кина, изјави директорот на Ford за продажба и маркетинг Џим Фарли, на претставувањето на новината во Шангај.