Самостојна изложба на Тамара Забазноска во МКЦ

Од:

Самостојна изложба насловена „Натура“ на уметницата и архитект Тамара Забазноска ќе биде отворена вечер во 20 часот во Галерија МКЦ, во Скопје.

„Натура“ е синтеза помеѓу универзалното и микроскопското, силите што ги брануваат длабочините на човечкото битие и природата, која крие тајни и нуди одговори.

-Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот. Со „Натура“ доаѓа љубопитноста, поривот да се истражат и откријат местата каде што човекот се среќава преку природата со себе. И додека ги користиме сетилата за да изразиме делови од нас што се скриени, така може да користиме и различни елементи за да го направиме видлив оној дел од природниот невидлив свет, вели авторката на поставката.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена е во Скопје, 1987 година. Дипломирала на Архитектонскиот Факултет во 2011 година и има два магистерски труда. Натура е трета нејзина самостојна изложба Во Flux галерија, во Скопје. Во 2017 се претстави со изложбата „Тајане“, а со „Просторна синтакса’“ во, Кула, Скопје, 2016. Гостувала на Фестивалот за современи уметности на Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје, во 2016, каде е добитник на Специјалната награда и на Paratissima Скопје, Интернационален саем за современа уметност,( МКЦ, 2016) каде ја доби Специјалната награда на европско ниво. Изложувала на петгодишнината од основање на здружението Македонска архитектураи – МАРХ, , (МКЦ, 2019). Добитник е на наградата „13 Ноември“ што ја доделува ДЛУМ.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи