Ла Лига официјално ги објави саатниците на натпреварите од претстојните 33 и 34 коло, што ќе се одиграат следната недела. Шпанските медиуми забележуваат дека фудбалерите на Реал Мадрид ќе имаат помалку од 72 часа одмор меѓу двете средби.
Во четврток во 22:00 часот по централноевропско време, Реал ќе му биде домаќин на Хетафе. Во недела во 14:00 часот Реал ќе игра на гости кај Атлетик Билбао.
Тимот на Мадрид ќе го напушти Валдебебас во доцните часови на ноќта помеѓу четврток и петок, а во сабота ќе патува за Билбао за нивниот неделен натпревар.
Во исто време, Барселона ќе игра во вторник (30 јуни) против Атлетико Мадрид, а следниот натпревар на екипата е во недела (5 јули) со почеток во 22:00 часот против Виarареал, соопшти Ла Лига