Компанијата Волт Дизни соопшти дека забавниот парк „Дизниленд“ во Париз ќе биде отворен во фази, почнувајќи од 15 јули, неколку дена по отворањето на паркот на компанијата во Соединетите Американски Држави.
Директорката на парискиот Дизниленд, Наташа Рафалски, изјави дека се очекува повторно отворање на Дизниленд паркот, паркот Волт Дизни студио, хотелот Њупорт беј и Дизни селата.
Компанијата ги затвори парковите низ целиот свет поради пандемијата на коронавирусот и најави дека Дизниленд во САД ќе се отвори на 11 јули, исто така во фази.