(ВИДЕО) Николовски: Крива Паланка ќе добие модерен плоштад и градски парк, соработуваме со сите општини

Од:

„Разликата е очигледна. Истокот се менува и веќе не е најзапоставениот регион, туку е вистински пример за сите! Денеска имаме уште една убава вест. Почетокот на реконструкцијата на градскиот плоштад и на градскиот парк во нашата Крива Паланка.

Проект кој е овозможен преку тесна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Владата предводена од СДСМ. Наша обврска и задача е да соработуваме со сите општини, заеднички да обезбедиме што побрз напредок и развој.
Тоа и го правиме.

Со реализацијата на овој проект ќе добиеме нов и модерен плоштад и градски парк, кој ќе биде наша гордост. Ќе биде симбол на нашиот град“, вели Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво.

За само две и пол години постигнавме многу, а можеме уште повеќе во следниот мандат.

Обезбедуваме силна поддршка за земјоделците од 200 милиони евра, ја подигнавме минималната плата на ниво кое е подостоинствено од мизерните 9.000 денари колку што беше пред тоа. Сега е 14.500 денари, а ќе ја подигнеме за уште 40 проценти повеќе.

За 30 проценти ќе порасне и просечната плата.

Следуваат пакет-проекти и мерки со кои директно ќе се подобри животот на граѓаните.
Ги оставаме назад времињата на стагнација и неуспех.

Станавме членка на НАТО и одиме кон ЕУ. Ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени.

Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме. Ќе одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел