Димитров на примопредавање на претседателството на В4: Северна Македонија оствари значителни резултати во спроведување на потребните реформи

Од:

На покана на чешкиот амбасадор Мирослав Томан, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествувал на пригоден настан во чешката резиденција по повод примопредавањето на едногодишното претседателство со Вишеградската група В4, од Република Чешка на Република Полска, каде се се заблагодарил за силната поддршка на земјите на В4 групата кои се стабилни партнери на регионот.

Димитров истакнал дека нашата држава оствари значителни резултати во спроведување на потребните реформи и унапредување на добрососедските односи кои според него придонесоа за отворање на едно ново поглавје од нејзината историја, останувајќи посветена, и покрај предизвиците од пандемијата, на реформскиот евроинтеграциски пат и развивање на регионалната соработка.

Тој го повторил позитивниот пример на регионална соработка кој Вишеградската група го дава, и кој исто така го поттикна создавањето на Фондот за Западен Балкан.

Според Димитров, мотото на полското претседавање со Вишеградската група ќе биде „back on track” во контекст на справување на последиците со пандемијата.

– Убава симболика е што и Северна Македонија се врати на вистинскиот пат, сега веќе како полноправна членка на НАТО и со добиеното зелено светло од ЕУ за отпочнување на преговорите – двете стратешки цели кои се случија токму за чешкото претседателство со В4, истакнал Димитров.

За време на настанот, како што соопшти МНР, бил даден краток осврт на реализираните активности за време на чешкото претседателство, како и на плановите на полското, кое се совпаѓа со 30-годишнината од Вишеградската соработка. Соочена со предизвици на ниво на ЕУ, но и на глобално ниво, Полска своето претседателство во голем дел ќе го насочи кон зацврстување на заедничките политики на Вишеградската група кои би придонеле за обновување на економијата на ЕУ по кризата предизвикана од коронавирусот.

Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, се заблагодарил за силната и долгогодишна поддршка на земјите на В4 групата кои претставуваат стабилни партнери на регионот и се залагаат за успешна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани