Околу 300 припадници на авганистанските сили убиени минатата недела

Од:

И покрај планираните мировни преговори, 841 припадник на безбедносните сили во Авганистан беа убиени или ранети минатата недела, соопшти авганистанскиот Националниот совет за безбедност.

Талибанските милитанти извршија 422 напади во 32 од вкупно 34 покраини, а убиени се 291 војник и околу 550 војници се ранети во нападите.

Од авганистанскиот Совет за безбедност истакнаа дека тоа е „најкрвава недела“ во изминатите 19 години.

Владата на Авганистан не објавува податоци за загуби од редовте на својата војска, но Советот за безбедност објави слична статистика една недела претходно.

Авганистанската војска и талибанците планираат мировни преговори за да се стави крај на конфликтот во земјата, но и покрај краткиот прекин на нападите кон крајот на Рамазан, насилството продолжи.

САД и талибанците потпишаа договор кон крајот на февруари, што отвора пат за постепено повлекување на сите меѓународни војници од Авганистан, исто така го отвора и патот за претстојните мировни договори.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан