Полицијата во Холандија користеше водени топови и приведе неколкумина демонстранти кои учествуваа на протестот во Хаг против рестрикциите во земјата за заштита од коронавирусот.
Во центарот на градот имаше стотина демонстранти кои се држеа за раце укажувајќи дека се против мерките за физичка дистанца од 1,5 метри.
Иако властите првично го забранија собирот тие за кратко го променија своето мислење и дадоа одобрение под услов истиот собир да не трае предолго.
Полицијата во Хаг во соопштението наведе дека собирот бил мирен се додека не се случил инцидент со фудбалски навивачи кои кон полицијата почнале да фрлаат камења и флаши.
Dutch riot police fire water cannon to disperse anti-lockdown rally, dozens arrested
MORE: https://t.co/99kGo0VeOU pic.twitter.com/EvVvEZGxvg
— RT (@RT_com) June 21, 2020
Бидејќи демонстрантите одбивале да го напуштат настанот, полицијата користела водени топови за да ја разбие толпата.