Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на Ковид-19 во: Скопје – 57, Куманово – 13, Дебар – 1, Штип – 3, Тетово – 19, Струга – 1, Велес – 1, Битола – 2, Охрид – 1, Гостивар – 1, Ресен – 2.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 10, Велес – 1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2498, активни 1699
• Куманово 692, активни 239
• Дебар 82, активни 30
• Штип 267, активни 210
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 534, активни 325
• Струга 170, активни 90
• Велес 165, активни 32
• Битола 40, активни 11
• Охрид 99, активни 80
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 82, активни 54
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 12, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 14, активни 12
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 59, активни 58
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.