(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да водиме кампања зад екраните, ќе бидеме со народот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Струмица најави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата за изборите ќе биде меѓу граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, така што очекувајте не, тука сме со народот колку може ќе бидеме заштитени, ќе ги почитуваме оние протоколи за заштита на здравјето на граѓаните“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата политичарите кои што со години ја држат во заложништво Македонија.

„Јас сум оптимист за една голема победа која што ќе се случи на 15 јули. Народот заедно со Коалиција „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспешни политичари кои што 3 години ја држат во заложништво Македонија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста