Хрватска почна да враќа патници од Србија и БиХ

Од:

Патници кои се обиделе да влезат во Хрватска од Србија и Босна и Херцеговина во текот на последните два дена, без да имаат валидна причина поддржана со документација, се вратени од границата во својата земја.

Ова е, како што се наведува, резултат на заострување на мерките на граничните премини со Србија и БиХ, со кои се поврзани повеќето новозаразени граѓани во Хрватска во последната недела.

Хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на Националниот штаб Давор Божиновиќ рече дека контролите на тие граници се зајакнати и пропишаните мерки се строго контролирани.

„Откако дојде до нови случаи на инфекција, а повеќето од нив беа поврзани со тие земји, започнавме да спроведуваме поинтензивни контроли во четвртокот. Секој што сака да влезе во Хрватска мора да ја каже причината за патувањето и да презентира придружни документи, како што е економски интерес во нашата земја“, рече Божиновиќ.

Тој истакна дека Хрватска не ги отвори во целост своите граници кон Србија и БиХ, како што е сторено со десет европски држави кои имаат добра епидемиолошка состојба.

Целосно затворање на границите со овие земји сè уште не се разгледува.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски