А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата донесе методологија за распределба на приходите од ДДВ за општините

by А1он19/06/2020 - 22:4019/06/2020 - 22:53858
Share0

На денешната владина седница е донесена Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година, со која се пропишува методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Уредбата предвидува дека вкупните средства на приходите од данокот на додадена вредност наплатени во претходната фискална година за општините во Република Северна Македонија, општините во градот Скопје и Градот Скопје се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во Република Северна Македонија, на општините во градот Скопје и Градот Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во Република Северна Македонија во износ од 88 проценти, а за општините во градот Скопје и Градот Скопје во износ од 12 проценти.

Освен тоа, на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за надградба на порталот „Отворени финансии“ со објавување на трансакции на Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и нивните буџетски институции. Во насока на понатамошно зголемување на фискалната транспарентност, Министерството за финансии го прошири опфатот на податоци на порталот „Отворени финансии“ и со трансакциите на единиците на локалната самоуправа и на нивните буџетски институции на истиот начин на кој се објавуваат и трансакциите на сите буџетски корисници на Буџетот на државата од централната власт, и на тој начин сите ќе бидат достапни за јавноста преку интернет врската open.finance.gov.mk.

ddvopstinivlada

Би можело да ве интересира

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3811/05/2026 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто