Министерот за економија, Крешник Бектеши, преку Фејсбук соопшти дека ќе се продолжи работното време на угостителските објекти.
„Донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот“, напиша тој.
Владата на Република Северна Македонија, на денешната 70-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено со овие протоколи. Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.