Француската компанија „Оранж“ мора да му плати на ривал 250 милиони евра

Од:

Суд во Париз му нареди на францускиот телекомуникациски оператор „Оранж“ да му плати на локалниот ривал „Дигисел“ речиси 250 милиони евра (280 милиони долари) како отштета поради нелојална конкурентска пракса на француските Кариби, потврди денеска компанијата Оранж.

Апелациониот суд во Париз неделава донесе одлука „Оранж“ да му плати на „Дигисел“ 181,5 милиони евра обештетување и 68 милиони евра камата, објави денеска списанието „Капитал“.

„Оранж“ размислува дали да поднесе жалба на одлуката до францускиот касационен суд, изјави портпарол на компанијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата