Најголемата мистерија во воздухопловството: За време на лет влегол во тоалет и не се вратил

Од:

Некои мистерии толку ги обземаат луѓето, што се прераскажуваат одново и одново со децении откако се случиле. На пиедесталот на таквите мистерии обично се необјаснетите исчезнувања на авиони, бродови или патници за кои не може да се открие што им се случило.

Таков е и случајот со исчезнувањето на Џеролд Потер кој имал 53 години и брзо пред исчезнувањето напредувал во компанијата за продажба на полиси за осигурување каде што работел.

Тој на 29 април 1968 година, бил на летот од Илиоис кон Далас во Тексас, заедно со неговата сопруга Кери.

Во еден момент, Потер се упатил кон тоалетот, кој се наоѓал на задниот дел од авионот.

„Се враќам за момент“, е последното нешто што тој го рекол на својата сопруга, по што веќе никогаш никој не го видел.

Неколку минути по неговото заминување, авионот се затресол, а патниците претпоставиле дека тоа се обични турбуленции, и никој не им обрнал посебно внимание.

Кога по дваесетина минути, Потер не се вратил од тоалет, неговата сопруга побарала помош од стјуардесите за да видат што се случува со него.

Додека стјуардесата се упатила кон задниот дел на авионот каде се наоѓал тоалетот, во кабината на пилотот се запалило светлото кое сигнализирало дека вратата од авионот се отворила.

Кога копилотот отишол во задниот дел на авионот за да види што се случило со вратата, ја затекнал стјуардесата која била видно испаничена и му кажала дека „еден патник е исчезнат“.

Тие претпоставиле дека додека траеле турбиленциите, Потер ја отворил вратата која не била доволно добро затворена и паднал од авионот.

Сепак истрагата покажала дека рачката на вратата не е завртена за 180 степени, колку што било потребно за таа да се отвори, што не ја поткрепува теоријата дека вратата не била добро затворена.

Подоцна била организирана и потрага по телото на Потер, но тоа никогаш не е најдено.

Неговата сопруга ги отфрлила сомнежите за самоубиство бидејќи според неа тој бил среќен и стабилен човек.

Би можело да ве интересира

Неверојатно откритие: Пронајдени остатоци слични на вонземјани, има две теории

Предраг Петровиќ

Се најавува решение на мистеријата за која светот зборува 35 години, кој ја уби Тара?

Предраг Петровиќ

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

ВИДЕО: Мистериозна топка ги мачи Јапонците, се појави на плажа, никој не знае од каде дошла

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поранешен мајор на американската армија: Во 1978 година беше убиен вонземјанин во близина на воена база

А1он

Американска мистерија: Дрво коешто секогаш плови исправено

Ана Ололовска