Црна Гора ја затвори границата со Бих поради новите случаи на Ковид-19

Од:

Црна Гора ја затвори границата со Босна и Херцеговина и повторно воведе задолжително носење маски, откако епидемијата во државата беше засилена од навивачи кои се враќаа во Црна Гора преку Србија и Босна и Херцеговина.

„Националното координативно тело одлучи привремено да ја исклучи БиХ од списокот на држави од кои се влегува Црна Гора без мерка институционална изолација. Од денеска, влезот од БиХ е можен со негативен ПЦР тест од акредитирана лабораторија”, соопшти црногорската Влада.

Потегот е преземен затоа што повеќето од деветте во моментов активни случаи биле „увезени од Србија од неодговорни лица кои влегле во Црна Гора преку БиХ“.

Се работи за црногорски навивачи кои отпатувале во Белград преку БиХ за натпреварот помеѓу Црвена звезда и Партизан и се вратија на ист начин.

Тој натпревар се одигра пред 25.000 гледачи минатата недела, во време кога повеќето европски спортски натпревари се одржуваат без публика или со ограничен број гледачи.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните