Хајко Мас: ЕУ мора да биде дел од политичките решенија за Западниот Балкан

Од:

Шефот на германската дипломатијa Хајко Мас, во интервју за Дојче веле изјави дека сите земји од Западен Балкан сакаат европска перспектива, но доколку го сакаат тоа, политичките решенија мора да ја вклучат Европската унија.

„Само со Европската унија може да се реши косовското прашање,“ изјави тој, додавајќи дека е особено сигурен дека ЕУ ќе игра важна улога во продолжувањето на преговорите.

Изјавата на Мас доаѓа ден откако беше договорена средба меѓу српски и косовски претставници во Вашингтон на крајот на овој месец, што беше протолкувано како обид на САД да го преземе влијанието во процесот меѓу Белград и Приштина и да ги одмрзне закочените преговори.

Мас рече и дека за време на претседателството со ЕУ во втората половина од годинава, Германија ќе го постави Западниот Балкан во фокусот.

„Ако во одреден момент од Западен Балкан сакаат да стигнат до Европа, тогаш тие мораат да водат дијалог пред се со ЕУ…Верувам дека тие на Западен Балкан го знаат тоа и дека ЕУ, особено сега, ќе го зајакне својот ангажман“, истакна Мас.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува