САД: Средбата во Вашингтон отвора нови можности за Косово и Србија

Од:

Средбата на српските и косовските делегации во Белата куќа на крајот на месецов дава можност и ја отвора вратата за економски развој и инвестиции, изјави Ричард Гренел, специјален претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина, осврнувајќи се на состанокот закажа за 27 јуни во Вашингтон.

„Соединетите Американски Држави се надеваат дека лидерите на Косово и Србија ќе ја искористат оваа можност да му се вратат на дијалогот и да започнат нова ера на стабилност и просперитет. Народите од овој регион не заслужуваат помалку од тоа,“ изјави Ричард Гренел за српските медиуми.

Делегацијата на Европската унија во Србија најави дека специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе го посети српскиот главен град на 22 и 23 јуни.

„За време на посетата, Лајчак ќе се сретне со клучните српски претставници со кои ќе размени мислења за конкретни следни чекори и модалитети за брзо продолжување на дијалогот со помош на ЕУ,“ се наведува во соопштението.

Лајчак во Приштина изјави дека се создадени услови за продолжување на дијалогот.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски