(ВИДЕО) Николовски: Пресудата за „Рекет” потврдува дека правда има за секој, очекувам разрешница и за случаите на СЈО

Од:

Правда и одговорност ќе има за секој во државата, за било кој што ќе се огреши. Очекувам сега натаму лично целосна разрешница на сите случаи, над триесет во коишто е вклучено и целото актуелно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на многу структури, изјави денеска генералниот секретар Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање за пресудите во случајот „Рекет“.

На прашањето за изјавата на Бојан Јовановски во текот на пресудата, кој посочил дека парите од рекетот требало да се бараат кај лидерот на СДСМ и неговиот брат, Николовски рече дека „тоа ја потврдува впрегнатоста на ВМРО-ДПМНЕ за која што слушнавме со кого Мицковски седел, разговарал во претходните месеци и години и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со целокупниот случај“.

– Да не мисли дека некој ќе го спаси од одговорност. Добро е што дојде време и сме среќни денеска што имаме пресуди за вакви крупни случаи што се отворија во државата. Да расчистиме еднаш со правдата со остатоците од режимот, да има одговорност и за „Талир“ и за „Империја“ и за било кој случај за којшто се збори во јавноста имаше постапки. Законот за Јавно обвинителство што стапува на сила тоа силно го овозможува. Заради тој закон добивме денеска и силна потврда и поддршка од ЕУ, рече Николовски по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.

Како што рече, заради тие процеси во државата доаѓа период во кој ќе ги трансформираме институциите и ќе одиме напред, а и ќе преговараме со Унијата.

– Тоа беше сон на многу генерации и сум среќен како генерација на млади политичари што денеска сме дел од таа генерација од тоа време во коешто направивме крупни чекори и во коешто има одговорност и правда за секој. Тоа го потврдуваат денешните пресуди коишто ги слушнавме, истакна Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел