Познатиот британски производител на автомобили МГ на Саемот во Шангај ќе го претстави моделот МГ3, кој на европскиот пазар ќе се најде во втората половина на годината.
Автомобилот ќе се произведува во Бирмингем. МГ3 ќе биде достапен во комбинација со пет врати, а ќе биде придвижуван од четирицилиндарски атмосферски бензински мотор со 105 коњски сили во комбинација со 5-степен рачен менувач.
МГ3 е долг 4.015. широк 1.728 и висок 1.520 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.520 милиметри. Ќе биде достапен во три нивоа на опрема ТС1, ТС2 и ТС3.
Според шефот на МГ за Велика Британија, Гуј Џонс МГ3 се очекува да биде сериозни кандидат на Мини, Цитроен ДС3 и Воксал (Опел) Адам.
Почетната цена ќе изнесува околу 11.600 евра.