Има многу начини и алтернативни методи како да пристапиме до граѓаните, има методи преку кои можеме детално да ги соочиме нашите политички концепти за иднината на државата.
Ова го изјави премиерот Оливер Спасовски денеска по направениот увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Драчево, одговарајќи на новинарско прашање дали се предвидуваат други начини освен интернет кампања што започнува идната недела за предвремените парламентарни избори.