Цветан Трипуновски, дополнителениот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната прес конференција обвини дека антикризните мерки за земјоделците се измама.
„Третиот пакет на антикризни мерки на Зоран Заев и СДСМ за земјоделците кои помпезно ги најавуваа е чиста измама. Заев за 2020 година вети покривање на 50% од трошоците за гориво на земјоделците, за потоа на шверцерски начин со владина уредба да скрати 100 милиони денари од мерката која помпезно ја најави.
Третиот пакет на антикризни мерки на Зоран Заев и СДСМ за земјоделците кои помпезно ги најавуваа е чиста измама. Заев за 2020 година вети покривање на 50% од трошоците за гориво на земјоделците, за потоа на шверцерски начин со владина уредба да скрати 100 милиони денари од мерката која помпезно ја најави.Така наречениот Проект зелена нафта иако почна со реализација со задоцнување од 2 години и кој го најавуваа како пресвртна точка во земјоделството се покажа како најголема измама. Дополнително проектот е непрактичен и не го решава проблемот на земјоделците со рентабилноста на производствто затоа што земјоделците кои добиле картички, понекогаш треба да патуваат и по повеќе од 10 километри за да стават гориво за 500 или 1000 денари. Зоран Заев и СДСМ само уште еднаш ги изманипулираа земјоделците. СДСМ наскоро заминува во опозиција, а со нив и сите проблеми на земјоделците.
Posted by Цветан Трипуновски on Среда, 17 јуни 2020
Така наречениот Проект зелена нафта иако почна со реализација со задоцнување од 2 години и кој го најавуваа како пресвртна точка во земјоделството се покажа како најголема измама.
Дополнително проектот е непрактичен и не го решава проблемот на земјоделците со рентабилноста на производствто затоа што земјоделците кои добиле картички, понекогаш треба да патуваат и по повеќе од 10 километри за да стават гориво за 500 или 1000 денари.
Зоран Заев и СДСМ само уште еднаш ги изманипулираа земјоделците. СДСМ наскоро заминува во опозиција, а со нив и сите проблеми на земјоделците“, рече Трипуновски.