Тунели за дезинфекција ќе го штитат здравјето на Путин во Кремљ

Од:

Портпаролот на рускиот претседател,  Дмитриј Песков, потврди дека се поставени специјални тунели за дезинфекција во Кремљ и во резиденцијата на Владимир Путин во Ново-Огарјово, преку кои мора да поминат сите што доаѓаат да го посетат, јавуваат руските медиуми.

„Дезинфекциските тунели се поставени во екот на епидемијата со цел заштита на здравјето на претседателот Путин поради актуелната состојба со коронавирусот,“ рече Песков.

Тој додаде дека резиденцијата во Ново-Огарјово стана главно место за работа на рускиот претседател во последните месеци, покрај Кремљ. 

Путин се повлече во летната резиденција во април, откако беше објавено дека рускиот претседател ќе се самоизолира поради тоа што бил во контакт со функционер кој веќе бил заразен со коронавирус. 

Би можело да ве интересира

Треба да и дозволиме на Украина да гаѓа цели во Русија вели Макрон, реагираше Путин

Катерина Ѓуровски

Путин: Секогаш чекор пред непријателот

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија