Иванов упати честитка до Обама по повод Денот на независноста на САД

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 4 јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до неговиот американски колега Барак Обама.

„Од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, ви упатувам најсрдечни честитки и искрени желби за натамошен просперитет на вашата држава и за благосостојба на пријателскиот американски народ. Ја користам оваа прилика да ве уверам во трајната определба на Република Македонија за натамошно продлабочување на односите со Соединетите Држави, со кои нè поврзуваат традиционално пријателство и сојузништво, како и богата соработка во повеќе области од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план“, вели претседателот Иванов во честитката до Обама.

Република Македонија и нејзините граѓани, додава македонскиот претседател, се горди што во духот на пријателството и солидарноста, споделувајќи ги заедничките визии за јакнење на мирот, безбедноста и демократијата во нашиот регион, но и пошироко, изградија партнерски односи со вашата голема нација, кои, како што вели, се подготвени да ги негуваат и јакнат.

Би можело да ве интересира

Техеран: САД не ја спроведуваат првата точка од договорот со Иран – прекин на огнот

САД и Катар ќе „одмрзнат“ шест милијарди долари сопственост на Иран

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Завршена првата рунда од разговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија: Џеј-Ди Венс открива детали од разговорите

Горан Наумовски

Завршена првата рунда разговори Иран-САД

Пезешкијан: Нема да се откажеме од правото да збогатуваме ураниум