СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеаја да го закочат напредокот, нема да успеат ниту да ја вратат државата назад

Од:

„Лидерството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го овозможи потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција, донесе државничка и храбра одлука во интерес на државата и сите нејзини граѓани.

Денес Северна Македонија е членка на НАТО и има одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Од „заробена држава“ станавме светол пример во регионот.

Од друга страна, Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ со полна пареа работеа против овој договор, на штета на граѓаните и правеа сè да ги спречат напредокот и интегративниот процес“, велат од СДСМ.

„Лицемерните, но и деструктивни политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ одеа до таму што свесно манипулираа со граѓаните ширејќи им паника преку лажни информации и конструкции.

Мицкоски и фејк њуз партијата ВМРО ДПМНЕ, силно го критикуваа договорот од Преспа, не го признаваа уставното име на државата, додека во исто време нивните пратеници примаа плати од Собрание на Република Северна Македонија.

Однесувајќи се крајно неодговорно кон граѓаните и државата, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски отидоа дотаму што се закануваа дека ќе го поништат договорот од Преспа. Со што се ставија на страната на оние кои го загрозуваа членство во НАТО, напредокот на државата кон ЕУ, но и доброседските односи.

Освен договорот од Преспа, којшто на државата ѝ го обезбеди членството во НАТО и и ги отвори без задршка вратите на ЕУ, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, ги ризикуваа и добрите односи со Бугарија, критикувајќи го Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Ова класично лицемерно однесување на неодговорниот Мицкоски беше демаскирано, кога седејќи на иста маса со претседателот на Бугарија, Бојко Борисов, шефот на ВМРО ДПМНЕ му кажа дека го „покрепа“ договорот со Бугарија.

Времето на успешна реализација на штетните политики на ВМРО ДПМНЕ заврши на денот кога Никола Груевски ја напушти „Илинденска” бб, а државата се ослободи од стегите на режимот.

Не им успеаја нивните деструктивни обиди за блокирање и кочење на напредокот на државата, нема ниту сега да им успеат обидите за враќање на државата назад во времињата на изолација и поделби“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски