Милошоски: Туристичка окупација на Грција од Македонија

Од:

Туристичка окупација на Грција-да, територијални претензии кон јужниот сосед-не, со духовита забелешка пратеникот Антонио Милошоски му одговорил на грчкиот претставник од делегација на Комисијата за цивилна димензија на безбедноста во Парламентарно собрание на НАТО, која денеска ја посети Македонија и се сретна со македонски пратеници. Грчкиот претставник го интересирало дали Македонија има територијални претензии кон Грција.

– Одговорив да, имаме сезонски аспирации од јуни до август кога над 300 илјади туристи одат на одмор и ги окупираат плажите на егејското приморје. Тоа е одговор на такви констатации кои ги сметаме за несериозни, досегашното искуство од 23 години од независноста на државата ни покажува дека меѓу двете земји има добри односи без ниту еден територијален или граничен инцидент, изјави Милошоски.

На средбата македонските пратеници го поздравиле интензивирањето на преговорите за името, и го повториле ставот дека македонските граѓани ќе одлучуваат на референдум за предлогот.

Според Ермира Мехмети од ДУИ време е за НАТО и оти тоа не значи притисок врз Владата туку можност да се искористи моментот за решение на проблемот.

– Тоа не е ниту уцена, ниту закана, туку продолжување на досегашната политика на ДУИ која е во хармонија со политиката на западните сојузници. Момент е за напредок, за одење напред, изјави Ермира Мехмети.

Претставниците од Парламентарното собрание на НАТО се интересирале и за други теми, а главните дискусии се воделе околу решението на спорот за името кое го кочи македонското членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски