Невремето кое во февруари ја зафати Гевгелија предизвика штети во висина од 14,8 милиони денари

Од:

Невремето со пороен дожд и град кое кон крајот во февруари ја зафати општина Гевгелија и траеше пет дена поплави 22 хектари со градинарски култури, овошни и лозови насади, станбени и помошни објекти како и дел од системот за наводнување „Вардарска долина“.

Општинската комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди денеска соопшти дека невремето предизвикало штети во висина од 14,8 милиони денари кај 100 физички и шест правни лица.

Предлог Елаборатот во кој се регистрирани и утврдени пријавените штети, Комисијата го достави на разгледување и усвојување до општинскиот Совет кој по него ќе расправа на седницата закажана на 26 април.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници