Црна Гора ќе учествува со 30 војници во НАТО силите за брза реакција

Од:

Црна Гора ќе испрати 30 војници во НАТО силите за брзо реагирање (NATO Response Force), објави на Твитер црногорската мисија во Северноатлантската алијанса.

Покрај оперативната улога, НРФ ќе може да се користи за поголема соработка во образованието, обуките, вежбите и технологијата.

„Со испраќање на војници во НАТО, Црна Гора активно ќе придонесе за системот на колективна безбедност, развој на способностите и капацитетите на Алијансата, а со тоа и за директно унапредување на безбедноста, просперитетот и стабилноста на државата,“ соопшти Мисијата на Црна Гора во алијансата.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он