ВИДЕО: Протестите на лекарите во Франција прераснаа во големи немири и судир со полицијата

Од:

Се започна мирно кога неколку илјади лекари и придружен медицински персонал денеска се собраа да протестираат во повеќе градови во Франција, барајќи повеќе средства за јавните болници и целиот здравствен систем.

По повик на десетина синдикати, беа одржани околу 220 собири во обид да ја потсетат француската Влада за ветувањата на францускиот претседател за болниците, дадени во екот на епидемијата со коронавирусот со нивното главно барање за зголемување на платите.

Меѓу тоа, за краток период, мирните протести на лекарите прераснаа во немири кога група на луѓе со качулки и темна облека се појавија и ги нападнаа полициските службеници кои го обезбедуваа претходно најавениот протест.

Демонстрантите се судрија со полицијата и ја нападнаа со тешки предмети.

Полицијата изненадена од неочекуваниот напад мораше за кратко да се повлече за да почека ново засилување.

Според првичните информации се работи за злоупотреба на протестите од страна на организирана група на Анархисти, а неколку локални медиуми во Франција сметаат дека позади немирите стои движењето АНТИФА.

Во Париз, насилните демонстранти повредија и неколкумина доктори и други медицински лица.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

(ВИДЕО) Демонстрации во Истанбул, полицијата уапси граѓани поради постови против Ердоган

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму