Францускиот фарма-гигант Санофи инвестира над 600 милиони евра во вакцини

Од:

Францускиот производител на лекови Санофи соопшти дека ќе инвестира 610 милиони евра  во две фабрики во Франција кои ќе бидат претворени во центар посветен на истражување, развој и производство на вакцини.

Инвестициите ќе помогнат во зајакнувањето на капацитетите на групацијата во Марси-Л’Етоал и Новил сур-Саон, во централна Франција, јави дописникот на МИА.

Соопштението беше објавено во момент кога претставници на Санофи беа домаќини при посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во објектот Мароси-Л ‘Етоал на Санофи.

Фабриката во Новил сур-Саон ќе ги искористи најновите технологии за производство на вакцини. Во проектот ќе се вложат 490 милиони евра во текот на пет години и се проценува дека ќе создаде 200 нови работни места.

Компанијата, исто така, ќе инвестира 120 милиони евра за изградба на центар за истражување и развој   фокусиран на развој на вакцини во фабриката на Санофи Пастер во Марси-Етоле.

Инвестицијата на Санофи е овозможена благодарение на поддршката и блиската соработка со француските власти во последните неколку месеци. Останатите средства ќе ги инвестира државата.

Макрон денеска ја посети фабриката и лабораторијата за научни испитувања за вакцини на Санофи во Марси-Етоал, една од најголемите во светот со  3.500 вработени.

Францускиот претседател најави во таа прилика дека од 200 милиони евра кои државата ќе ги инвестира, 120, милиони се наменети за поддршка на капацитетите за производство на вакцини.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он