Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас – нашата совест и нашата одговорност. Најефикасниот штит се трите правила кои мора доследно да ги почитуваме – држење растојание, носење заштитна опрема и одржување хигиена, апелира министерот за здравство Венко Филипче.
Тој порача дека секој треба да ја сфати сериозноста на вирусот, да се заштити себеси, а со тоа и своите најблиски, јавното здравје, здравствените работници и здравствениот систем.
-Нема компромис со овој вирус. Затоа да почитуваме. Јас верувам во нашите граѓани, во секој од вас. Заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски, да го заштитиме јавното здравје, истакна Филипче.