По шест месеци закоченост изборите, на 15 јули значат нов парламент и легитимна влада без незрели и неодговорни пратеници за наесен да сме со полна сила за Ковид-19, за новата учебна година и за новата грејна сезона, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој ги повика граѓаните со гласање да изберат кој да ги води институциите и да изберат дали ќе одиме напред или ќе се вратиме во несигурност и страв.
„Јас како шеф на изборниот штаб на СДСМ ве уверувам дека СДСМ ќе води 100 проценти безбедна кампања. Изборната кампања почнува на 24 јуни ќе трае до 12 јули на полноќ. Ги откажавме митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани за здравјето на граѓаните, но ќе бидеме со вас преку медиумите, дигиталните алатки и сите можни алатки за комуникација“, рече секретарот Николовски.
Тој нагласи дека очекуваат чист мандат од граѓаните за општество без корупција и повика да му се каже збогум на „неодговорниот и незрел“ Христијан Мицкоски, кој ширел лажни вести за короноваисусот, одел во вежбалници и кафеани кога тоа е забрането и опасно за граѓаните.
Николовски смета дека 15 јули е голем ден и за сите во партијата за лажни вести, како што ја нарече ВМРО–ДПМНЕ, која ќе доживее пораз, но за нивно добро.