Финале на „Cross štream“ со Црнила Remix и Pijammies

Од:

Во рамки на меѓународната програма „Cross štream“ на Младинскиот културен центар (МКЦ) во соработка со Kino Šiška од Љубљана во време на коронавирус, вечер ќе се одржат последните два онлајн концерта.

Како што соопшти МКЦ, вечер, со почеток во 21:00 часот е концертот на бендот Pijammies од страна на Kino Šiška, а нашиот хип-хоп музичкo-драмски перформанс – Црнила Remix е закажан за 22:15 часот.

Pijammies, како што информира МКЦ, се сметаат за едни од откритијата во словенечката музика во последните неколку години. Овој музички колектив се стреми кон стилска отвореност и слободно изразување. Свираат мешавина од џез, фанк и фјужн.

Црнила Remix е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум.

Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад Аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата. Освен како театарска претстава и концерт, албумот веќе има и свое vinyl издание.

Идејата и режијата е на Јордан Симонов, а музиката и препевот е на Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“).

Улогите ги толкуваат: Луков – Стефан Вујисиќ, Фезлиев – Александар Михајловски Хонда, Иван – Владимир Петровиќ, Методи – Горан Ников, Младичот – Ненад Анѓелковиќ, Неда – Сања Арсовска, Христов – Павле Димковски. Концертите ќе можат да се следат на следниот линк: https://www.facebook.com/events/710110823081322/ 

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје