Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, по објавениот датум за избори, упати апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.

– Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политичкки партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес. Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните, наведува Филипче.

Повикува секоја активност да биде целосно прилагодена на препораките и изразува очекување сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата, каде, како што истакнува, ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

– Уверен сум дека изборниот процес може да се организира на начин безбеден за сите учесници, а тоа е единствено можно само ако сите доследно се придржуваат до јасно пропишаните мерки на Комисијата за заразни болести, наведува министерот.

Посочува дека функционерите и лидерите на политичките партии и партиските активисти имаат обврска да бидат пример за сите за доследно придржување кон мерките за заштита на колективното здравје.

– Соочени со избори во време на пандемија, како земја мора да покажеме дека сме подготвени да одговориме и на овој предизвик, да одржиме фер и безбедни избори без ниту еден ризик по здравјето на граѓаните, нагласува министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска