Северна Кореја се заканува дека ќе испрати војска во демилитаризираната зона

Од:

Северна Кореја предупреди дека е подготвена да испрати трупи во демилитаризирана зона што ги раздвојува двете Кореи.

Заканата е делумно одговор на субверзивна група во Јужна Кореја која испрати пропаганден материјал во Северна Кореја.

За време на викендот, Ким Јо-џонг, сестра на водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, рече дека наредила војската да биде подготвена за таков потег.

– Ние сме подготвени да заземеме позиции и да ја претвориме линијата на фронтот во тврдина со голема воена будност, соопшти војската, пренесува Би Би Си.

Тензиите меѓу двете земји од неодамна растат поради летоците што пристигнуваат во балони од Јужна Кореја до Северна Кореја.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека во соработка со САД внимателно ги следи настаните на границата со Северна Кореја.

Северна и Јужна Кореја се одделени со таканаречена демилитаризирана зона по должината на границата по војната во Кореја во 50-тите години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ