Италија пријави 26 смртни случаи во деноноќието од 14 до 15 јуни, што е најмала бројка на починати лица од последици на Ковид-19 од 2 март наваму, јавуваат локалните медиуми.
Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека ова претставува пад на смртните случаи и во споредба со вчера, кога беа регистрирани 44 жртви.
Италија денес забележа и мал пад на бројот на новозаразени лица – 303, во споредба со вчера кога беа регистрирани 338 новозаболени.
Италија со вкупно 34.371 починати лица е на четврто место по бројот на смртни случаи по САД, Велика Британија и Бразил. Со вкупно 237.290 инфицирани лица со Ковид-19, земјата е на седмо место во светот.