Борбени авиони „Su-27“ од Руската Федерација пресретнаа американски бомбардери „B-52H“ и еден авион за кој се смета дека неговата цел била да изврши шпионажа од воздушниот простор над Балтичкото море.
Според официјалното соопштение од Министерството за одбрана на Русија, авионот кој летал заедно со американските бомбардери имал шпионски намери.
Силите за брзо реагирање веднаш ја информираа противоздушната одбрана на Западниот воен оддел кој благовремено ја откри операцијата која ја спроведувале бомбардерите „B-52H“ и други авиони, претставници на неколку странски држави кои го надгледувале просторот.
Во официјалното соопштение од Руската Федерација стои дека странските воени авиони биле на соодветна оддалеченост од територијалните граници на Русија со цел да ги следат радарските руски станици, пренесе ТАСС.
Перехват самолетов НАТО российскими Су-27 над Балтикой. Видео Минобороны РФ pic.twitter.com/2bAdL7V4a3
— НТВ (@ntvru) June 15, 2020
Од видеото може да се види како руски воени авиони ги пресретнуваат американските бомбардери во воздушниот простор над неутралните води на Балтичкото море.