Германија најавува фокус на Западен Балкан за време на претседавањето со ЕУ

Од:

За време на претседавањето со Советот на Европа, Германија ќе му посвети максимално внимание на Западниот Балкан. Ова во телефонскиот разговор на овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, му го најавил германскиот министер за европски прашања Михаел Рот.

Според Цакај, разговорот бил фокусиран на подготовките на германското претседавање со Советот, каде Западен Балкан се очекува да биде во центарот на вниманието и исполнувањето на сите обврски од страна на Албанија за одржување на првата меѓувладина конференција.

„Ја истакнав посветеноста на Албанија за спроведување на сите потребни услови за напредување на европскиот пат, информираше Цакај.

Исто така разговарале и за соработката меѓу Албанија и Германија, како и меѓу ЕУ во заедничката борба против пандемијата со Ковид -19.

„Откако позитивно ги оценивме нашите напори, се согласивме да ги координираме активностите за постепено отворање на границите и економско закрепнување, додава Цакај.

Тој информираше дека телефонски разговарал и со шефовите на дипломатиите на Турција, Италија, Унгарија,како и со францускиот државен секретар за Европа.

Цакај посочува дека во разговорите се фокусирале на заедничката борба против пандемијата и координацијата на ставовите за постепено отворање на границите и продолжување на директните летови.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски