Нови мерки за полесно вработување на лицата на возраст од 40 до 49 години

Од:

Со мотивациски обуки кои почнуваат да се спроведуваат од денеска во Агенцијата за вработување на Република Македонија се планира да се овозможи полесно вработување на долгорочно невработените лица на возраст од 40 до 49 години.

Во моментов, како што информираше на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, околу 5.000 лица од невработените кои се на оваа возраст се изјасниле дека активно бараат работа и тие ќе бидат целната група на МТСП и Агенцијата за вработување. Во моментов од вкупниот број невработени кој изнесува околу 258 илјади, се пререгистрирале 221.720 илјади, од кои само 101.121 лице се изјаснило дека активно бара работа и оти сака да биде дел од пазарот на трудот.

– Ги повикувам сите невработени кои се на возраст од 40 до 49 години и се изјасниле дека активно бараат работа, а кои ја одбиле поканата или се уште размислуваат за нејзино прифаќање да се одлучат и да се вклучат во можноста што им е понудена и заедно да придонесеме за зголемување на нивните вештини и знаења со што ќе се зголеми и можноста за полесен пристап до соодветното работно место, рече Ристовски.

Тој посочи дека имаат генерална слика каков профил на работници им се потребен на компаниите и, како што истакна, соодветно на тоа во еден дел овие обуки ќе бидат стандардизирани и модифицирани на тие потреби бидејќи има најава за нивно вклучување односно вработување.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека оваа категорија невработени е избрана со оглед на тоа што, како што истакна, е без работа повеќе од 10 години, но иако е во продуктивни години, не е во можност да дојде до работно место поради тоа што најголем број од работодавачите бараат работници под 40 години.

– Со оваа обука ќе се постигне нивно самосознавање, самооценка што им е потребно. Потоа ќе се види кои работни места се соодветни за нив, доколку е потребно ќе се направи и дополнителна обука за да можат да се вработат во некоја од приватните компании, рече Поповски.

Тој информираше дека за успешна реализација на овие мерки наредната недела треба да се одржи состанок со стопанските комори и со здруженијата на работодавачите.

Обуките ќе траат до 23 ти мај годинава, а потоа од 14 јуни ќе започнат активни советувања. Во првата фаза ќе бидат опфатени невработените лица на возраст од 40 – 49 години, а потоа и останатите категории.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он