„Penny Lane“ (Пени Лејн), една од најпознатите улици во Ливерпул која постигна светска слава по создавањето на истоимената песна од страна на легендарната британска група „The Beatles“ се наоѓа во опасност за нејзино преименување, по барање на демонстрантите.
Стив Ротерам, градоначалникот на Ливерпул, ја предупреди јавноста околу можноста за промена на името на улицата доколку биде најдена поврзаност со самото нејзино потекло.
Dont let the anti establishment idiots win, Keep Penny lane pic.twitter.com/kGx4olBLuE
— Angela Sweeney (@angelawales) June 12, 2020
Натписот на еден уличен знак на кој стоеше името на улицата беше прекриен со црна боја нанесена од спреј и беше додаден зборот „РАСИСТ“.
Се претпоставува дека групата која го сторила тоа, упатила порака до Џејмс,трговец од 18 век кој тргувал со робови, а живеел и работел во Ливерпул, пренесе Би-Би-Си.
Таквите обвинувања, Меѓународниот музеј во градот ги смета за неповрзани, иако градоначалникот е на став дека треба да има истрага.
По трагичната смрта на Џорџ Флојд и големите демонстрации низ светот, британските власти преземаа чекори за проверка на историските личности и нивната можна поврзаност со расизмот.