ВИДЕО: Избори на 15 јули – постигнат консензус меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Договорен е датумот за одржување на предвремените парламентарните избори.

„15 јули е конечен, последен и единствен датум за избори на кој ќе учествува и опозицијата. Зборував и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и тој потврди дека ќе учествуваат на изборите“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Бараше средина на јули, еве им го 15 јули“, додаде тој.

15 јули е среда и ќе биде неработен ден за сите граѓани. На 13 и 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштени, како и позитивните лица на Ковид-19 и оние што се во самоизолација.

Изборниот молк ќе настапи на полноќ, во недела, на 12 јули.

Гласањето, со цел да се спречи метежот, ќе трае од 7 часот наутро до 21 часот.

За да се одржи гласењето на 15 јули, претседателот Стево Пендаровски ќе треба да прогласи уште една вонредна состојба.

Начинот на спроведувањето на изборната кампања допрво ќе се утврдува.

„Ни треба активно Собрание, домот на народните претставници мора да биде активен. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни справувајќи се со последиците од опасниот коронавирус. Голем дел од ова нема да се издржи со техничка влада и со нефункционален Парламент. Знам дека на граѓаните им е преку глава и дека од оваа игра на нерви најмногу страда народот, па затоа СДСМ ја покажува својата големина и го договори датумот со опозицијата“, рече Заев и го повика Мицкоски јавно да каже дека го прифатил овој датум.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Мицкоски: За првпат по подолг период извозот расте побрзо од увозот – се намалува дефицитот

Горан Наумовски

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски