СДСМ: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги кршат мерките и забраните, а партијата глуми загриженост за здравјето на граѓаните

Од:

„Функционери на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со незрело и несериозно однесување, опасно за здравето и масовно ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, веројатно инспириран од својот шеф Христијан Мицкоски, вчера ги прекшрил забраните за масовни собири“, велат од СДСМ.

„Ристески со поголем група луѓе, без дистанца и без никаква заштитна опрема тера партиска агенда, додека неговата партија секојдневно глуми загриженост за здравјето на граѓаните.

Класично лицемерно однесување на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, глуми загриженост за здравјето на граѓаните а нивни фунцкионери од Мицкоски па надолу секојдневно ги кршат мерките и забраните и го загрозуваат јавното здравје.

Ваквиот несериозен, неодговорен и опасен однос на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде казнет од граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски