ИФОП: Се очекува многу ниско учество во вториот круг од општинските избори во Франција

Од:

Само 38 отсто од Французите планираат да излезат на гласање на 28 јуни во вториот круг од општинските избори, излезност што е пониска од првиот круг, јави дописникот на МИА.

Излезноста во првиот круг од општинските избори на 15 март, особено во општините каде беше потребен и втор круг, изнесуваше само 41,8 отсто, додека на национално ниво учеството беше 44,6 отсто, што е историски најниска стапка за општинските избори.

Ваквата висока апстиненцијата од 62 отсто на 28 јуни, на две недели пред изборите, ја проценува ИФОП.

Вториот круг треба да се одржи во 4 827 општини каде општинскиот совет не беше избран целосно во првиот круг, од вкупно 35.000 општини во Франција. На вториот круг од изборите ќе излезат да гласаат околу 16,5 милиони избирачи, или 39 отсто од гласачкото тело. Речиси една третина (29 отсто) велат дека нема да одат да гласаат „само заради ризиците да бидат заразени од коронавирусот“ и 35 отсто заради ризиците да бидат заразени и од „други причини“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата